Петок, 12.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Култура > Симпли арт од Кина повторно најдобри!
Симпли арт од Кина повторно најдобри!
Четиричлениот тим на детското ликовно студио "Симпли арт" од Хонг Конг, Кина, повторно е освојувач на највисокото признание на меѓународната детска ликовна колонија "Мал битолски Монмартр". - Според мислењето на стручњаците, оваа година го имавме најдоброто издание на колонијата, со четириесет учесници кои твореа во Битола, Охрид и во Крушево, каде што затсиноќа во музејот "Македониум" со доделување на наградите, заврши 28. издание на "Мал битолски Монмартр", изјави за МИА Коста Хаџи Антоновски, раководител на детското ликовно студио "Св. Кирил и Методиј" - Битола.
Симпли арт од Кина повторно најдобри!
Годинава на колонијата се создадени 250 детски ликовни творби, а наградата за најдобра колекција им припадна на "Симпли арт" од Кина, додека за најдобар поединец е прогласен Пеце Лавчановски од Битола кој во седум дена нацртал 15 слики.

Творбите од "Мал битолски Монмартр" што годинава беа создадени во три македонски градови ќе бидат промовирани на 8 септември на традиционалната празнична изложба по повод Денот на независноста.

Извор: Вечер

Објавена: 01.06.2009 | 13:57
Прочитана: 208 пати
Тагови: Симпли, арт, Кина, повторно, најдобри,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio