Safari 4 - најбрз пребарувач на светот
Компанијата Apple ја издаде конечната верзија на интернет пребарувачот Safari 4 за Mac OS X и Windows.
Safari 4 носи значаен број напредни безбедносни мерки и бројни нови опции во однос на претходната верзија, како на пример Cower flow прегледување на историјата и bookmarks, бројните прилагодувања за Windows, како што се табови на вообичаените места, како и користење на стандардните Windows фонтови, покрај оние на Apple.
Новиот пребарувач исто така е четири пати побрз од претходникот, но и од конкурентските пребарувачи, поради што се здоби со епитетот „најбрз пребарувач на светот“.
Од споменатите предности, Safari 4 има нов енџин под името Nitro, кој во JavaScript е дури осум пати побрз од Internet Explorer 8 и четири пати побрз од FireFox 3, поради што многу побрзо ги чита страниците.
- Safari е пребарувач, Safari е платформа. Safari е отворен повик во иновација. На Mac, PC, iPhone или iPod - Safari е најдобриот начин да го доживеете интернетот, се пофалија од Apple.
Извор: ИДИВИДИ