Петок, 12.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Економија > ОПЕК ќе го зголеми производството на нафта ако цената се искачи на 100 долари за барел
ОПЕК ќе го зголеми производството на нафта ако цената се искачи на 100 долари за барел
Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК), која во светското снабдување учествуваат со 40 проценти ќе ја разгледуваат можноста за зголемување на производството на тој енергенс, кога цената ќе се искачи на 100 долари за барел, изјави денеска кувајтскиот министер за енергетика шеил Ахмед ал-Абдула ал-Сабах.
ОПЕК ќе го зголеми производството на нафта ако цената се искачи на 100 долари за барел
Тој најави дека на следниот состанок на ОПЕК што треба да се одржи во септември, нема да биде зголемено производството акп цената на нафтата порасне на 75 долари за барел.

Цената на американската „лесна“ нафта на берзата во Њујорк од почетокот на годината порасна за 60 проценти, по падот од повеќе од 100 долари во текот на минатата година.

Цената на нафтата последните месеци се зголеми затоа што инвеститорите засилено купуваа со цел да се заштитат од ослабнувањето на доларот.

На трите минатогодишни состаноци на ОПЕК донесена е одлука за намалување на производствените квоти за вкупно 4,2 милиони барели на ден. Цената на нафтата вчера првпат во изминативе седум месеци се искачи над 71 доалри за барел.

Извор: МИА

Објавена: 11.06.2009 | 15:49
Прочитана: 304 пати
Тагови: ОПЕК, зголеми, производството, нафта, цената, искачи, 100, долари, барел,
  

Radio Republic
Берза на Р. Македонија
АЛК 6093.50 БЕСК 15535.00 МЕТЦ 290.00 РЖЛЕ 300.00 СТИЛ 394.66 ТНБ 8000.00 ТПЛФ 5745.42
Курсна Листа
КуповенСреденПродажен
Euro61,267961,575861,8837
Dollari44,861945,087445,3128
Funta67,431167,770068,1088
Franga41,901242,111742,3223

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio