Отсега и видеоповици преку Т-Мобиле
Македонскиот мобилен оператор Т-Мобиле Македонија ја воведе 3Г-технологијата со која имате можност за видеотелефонски повици
Новата 3Г-услуга е достапна за сите корисници на Т-Мобиле, а со оваа нова технологија добивате мобилен интернет и видеотелефонија. Т-Мобиле ја лансираше 3Г-технологијата во соработка со Ериксон кој комплетно ја обезбеди целата 3Г-мрежа. Потребнио е само да имате телефонски апарат кој поддржува 3Г, да се наоѓате во 3Г мрежното покривање, а оваа мрежа автоматски ќе се вгради на сите корисници со сите тарифни модели. Следи и новата промотивна кампања - цената на видеоповиците ќе биде идентична со онаа на гласовните повици, 500 бесплатни минути за видеоповици за секој корисник кој ќе се регистрира на бесплатниот број 070 1467 и ќе можат оваа услуга да ја користат до 31 август 2009 година. Цените на видеоповиците и интернет по завршувањето на промоцијата се дефинирани посебно за секој тарифен модел и ќе бидат објавени на интернет-страницата на Т-Мобиле.
Автор: Реџеп Пампур