Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Култура > Пикасо е најзначајниот уметник на минатиот век
Пикасо е најзначајниот уметник на минатиот век
Пабло Пикасо е најзначајниот уметник на минатиот век, покажа истражувањето на магазинот Times и уметничката галерија Saatchi.
Пикасо е најзначајниот уметник на минатиот век
Во анкетата која траеше шеснаесет недели учествуваа повеќе од 1.4 милиони испитаници. 21.587 од нив како најзначаен уметник кој делувал после 1900 година го одбраа шпанскиот сликар и основоположник на кубизмот, Пабло Пикасо.

На второто место се пласираше Пол Сезан со 21.098 гласа, а меѓу десетте најпознати се и Клод Моне, Густав Климт, Марсел Дишамп, Анри Матис, Џексон Полок, Енди Ворхол и Пит Мондријан.

Магазинот Times и галеријата Saatchi ја понудија листата на 200 највлијателни уметници кои твореле после 1900 година, свесни за нејзините аномалии и недоследности со зборовите: „не постои за да се согласите со изборот, туку да дискутирате за него“.

Извор: Кајгана

Објавена: 15.06.2009 | 10:53
Прочитана: 466 пати
Тагови: Пикасо, најзначајниот, уметник, минатиот, век,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio