Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Македонија > Ѓорге Иванов ќе ја посети Приштина
Ѓорге Иванов ќе ја посети Приштина
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе го посети главниот град на Косово.
Ѓорге Иванов ќе ја посети Приштина
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе го посети главниот град на Косово.

Ова е договорено по средбата со неговиот косовски колега Фатмир Сејдиу во албанскиот пристанишен град Валона.

Тие присуствуваат на состанокот на претседателите на соседните држави на Албанија, со исклучок на Грција.

Од кабинетот на македонскиот претседател објаснуваат дека средбата Иванов-Сејдиу била многу срдечна и топла и оти се надминати сите претходни недоразбирања.

„Со претседателот на Косово Сејдиу констатиравме дека она недоразбирање што постоеше меѓу нас како претседатели е надминато. Тој изрази желба да ја посетам Приштина и да бидам негов гостин. Јас ја прифатив поканата.“

Недоразбирањата се јавија кога претседателот Сејдиу неодамна ја откажа посетата на Скопје.

Тогаш беше речено дека причината била промената на протоколот на посетата од официјална во работна.

Имаше реакција и околу тоа што Иванов не беше поканет и на инаугурацијата на претседателот Иванов.

Сношто во Валона не беа објавени детали за тоа дали Иванов ќе отиде на Косово во официјална или работна посета, но сепак се смета дека односите меѓу Приштина и Скопје се затоплуваат.

Цели

Ова беше и една од целите на средбите во Валона на претседателите на соседните држави на Албанија, објаснува Мимоза Кочиу, портпаролка на албанскиот претседател Бамир Топи.

„На средбите се разговара за зголемување на соработката во сферата на економијата и политиката, со цел овие земји да се вклучат во заедничка иницијатива за остварување на заедничката цел - интеграцијата во ЕУ“, вели Кочиу.

Претседателите на Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора - Бамир Топи, Ѓорге Иванов, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ ќе имаат уште една средба, по кој се се очекуваат и повеќе детали за нивните разговори.

( BBC MACEDONIAN )

Објавена: 24.06.2009 | 12:31
Прочитана: 242 пати
Тагови: Нимиц, Време, решавање, спорот,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio