Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Македонија > Ограбени 15 илјади евра од „ Уни банка“ во Мавровка
Ограбени 15 илјади евра од „ Уни банка“ во Мавровка
Продолжуваат ограбувањата на скопските банки во строгиот центар на главниот град. Овојпат на удар на ограбувачите утринава беше експозитурата на „Уни банка“ во ТЦ Мавровка
Ограбени 15 илјади евра од „ Уни банка“ во Мавровка
Двајца маскирани и вооружени разбојници утринава ограбиле експозитура на Уни банка во Скопје, однесувајќи околу 15 илјади евра.
Според првичните полициски информации, разбојниците ја ограбиле експозитурата на Уни банка во трговскиот центар „Мавровка“ околу 9.30 часот.
Разбојниците вооружени со пиштоли им се заканиле на службениците и одзеле денари и девизи во вкупна вредност од околу 15 илјади евра, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Со ова продолжува серијата дркси грабежи на банките во строгото централно подрачје на главниот град. Околу 50 илјади евра беа украдени во спектакуларниот грабеж на „ПроКредит банка“, од пред два месеца, а во минатонеделниот ноќен грабеж на „Инко штедилница“ беа украдени околу 200 илјади евра. Полицијата има приведени осомничени лица и за двата случаја.

Автор: Милан Аџиевски
Извор: МВР

Објавена: 24.06.2009 | 13:33
Прочитана: 359 пати
Тагови: Ограбени, илјади, евра, Уни, банка, Мавровка,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio