Бразилскиот интернационалец, Рикардо Кака утрово пристигна во Мадрид каде што вечерва во 20 и 30 е закажана спектакуларна презентација
Со мало задоцнување утрово Кака пристигнал од Јужна Африка на аеродромот Барахас во придружба на неговиот татко Бошко Леите.
Најдобриот фудбалер на Купот на Конфедерации веќе е заминат на различни медицински прегледи а подоцна ќе се упати во клубските простории каде што ќе стави потпис на договорот со Реал Мадрид.
Еуфоријата од трансферот на Кака го зафати Мадрид уште пред неколку дена и веќе се продадени 2000 дресови без бројката која ќе ја носи Бразилецот.
Презентацијата на Кака е закажана за вечерва во 20 и 30 и се очекува да биде голем спектакл на Сантијаго Бернабе каде што се очекува да пристигнат и до 50 000 фанови.
Се најавуваше дека на свечениот чин во стилот на Холивуд ќе присуствуваат и до 500 новинари како и 50 ТВ куќи кои ќе вршат репортажи.
Извор: 24фудбал