Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Вип > 'Бритни Спирс починала денеска. Тажен ден за сите'
'Бритни Спирс починала денеска. Тажен ден за сите'
Официјалната веб страница на Бритни Спирс која пејачката ја има остворена на друштвениот сервис MySpace, вчера била успешно била хакирана, очигледно од хакер кој сака жива да ја закопа Бритни.
'Бритни Спирс починала денеска. Тажен ден за сите'
'Бритни денес починала. Тажен ден за сите. Повеќе вести наскоро', бил текстот кој некое време стоел на страницата, а вештите раце на Бритниевите програмери проблемот го решиле за половина час, пренесуваат американските медиуми.

Некаде отприлика во времето кога била хакирана страницата, Бритни заедно со својот нов 'вереник' Џејсон Травик била на Родео Драјв и гледале свадбени работи.

Како што пејачката пред неколку дена си поиграла со обожавателите носејќи веренички прстен, така сега нејзините обожаватели со хакирање на нејзината страница решиле да и вратат. Веднаш по објавување на информацијата за верењето на Бритни, таа прстенот го префрлила на средниот прст, што им дала до знаење точно на што мисли.

А дека Бритни е сеуште жешка роба за јавноста, покажува и цената на фотографиите од нејзиниот приватен живот - поранешната пејачка си го вратила ѕвездениот статус, ја променила бојата на косата, со пронашла ново момче и ја здебелила банкарската сметка, односно докажала дека не е битно колку пати ќе паднеш во животот - битно е дека по падот следува раст.

(Точка)

Објавена: 01.07.2009 | 10:41
Прочитана: 245 пати
Тагови: Бритни, Спирс, починала, Тажен, ден,
  

Radio Republic
Неделен хороскоп

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio