Дресот на Кака се продава како алва
Реал (М) веќе почна да заработува на Кака. Иако не се знаеше кој број ќе го носи 27-годишниот халф, според весникот "Марка", шпанскиот гигант веќе има продадено 2.000 дресови со името на Кака, но без бројка.
Бразилецот синоќа беше официјално претставен на навивачите на Реал (М), како и бројката што ќе ја носи во "кралскиот клуб".
По ова ќе бидат пуштени во продажба и дресовите со името и бројката на Кака, а еден ќе чини 84,99 евра.
(Вечер)