Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Свет > Провалил кај 72-годишен бивш боксер
Провалил кај 72-годишен бивш боксер
Грегори Меккалиум си нашол одлична куќа за ограбување. Сопственикот има над 70 години и е релативно богат. Арно ама....
Провалил кај 72-годишен бивш боксер
23-годишниот Грегори Меккалиум сигурно ќе запомни дека сопственик на куќата која сакаше да ја ограби е поранешен боксер и припадник на британските воени сили кој од 1956 до 1958 служел во Северна Африка.

Грегори провалил во моментот кога во куќата бил 72-годишниот Френк Корти и неговата сопруга Маргарет. Корти се разбудил на полноќ од буката која се создала во неговата кујна. Таму бил пречекан од 23-годишниот Грегори МекКалиум со нож во рака.

Откако 72-годишниот пензиониран боксер го избегнал нападот со нож од провалникот, му закачил два бокса во лицето на МекКалиум и го нокаутирал. Потоа можел на раат да го заврзе и да викне полиција.

„Фотографиите од местото на настанот, изгледаат како да се направени на сцена на убиство,’ се пожали адвокатот на крадецот, но судијата не беше баш потресен од излагањето на адвокатот, ниту од потеченото око, усна и генерално најголемиот дел од лицето на МекКалиум, па ладно искоментира дека тој ’си добил тоа што го заслужил’.

Грегори е осуден на четири и пол години затвор. „Јас и мојата сопруга сме задоволни од казната, животот ни беше сериозно загрозен и мило ни е дека неколку години нема да мораме да мислиме на тоа момче“, рече Френк и додаде дека во прв момент се уплашил кога видел нож во раката на младиот провалник, но дека реагирал инстинктивно како и секој друг човек во таква ситуација.
( Таратур )

Објавена: 01.07.2009 | 15:53
Прочитана: 288 пати
Тагови: Провалил, 72-годишен, бивш, боксер,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio