T-Home во понеделник 6 јули, ќе ја отвори првата MaxTV летна кинотека во Скопје, во чии рамки на големи екрани ќе се прикажуваат светски филмски хитови под отворено небо.
Освен во Скопје, во периодот од 6 до 20 јули, дел од филмовите ќе се прикажуваат и во Тетово, Струмица, Битола, Прилеп и Охрид. Со оваа летна кинотека, T-Home повторно сака пријатно да ги изненади граѓаните и да им овозможи бесплатно уживање, забавување и дружење во текот на летната сезона.
Кинотеката ќе биде отворена на плоштад Македонија, со големиот филмски хит „Џемс Бонд – Казино Ројал“, а покрај него, филмските љубители ќе можат да гледаат светски популарни наслови како „Хари Потер“, „Пиратите од Карибите“, трилогијата „Матрикс“, „Борат“ и други.
Сите проекции започнуваат од 21:30 часот, а по завршувањето на филмот следат забави со диџеј. Во Скопје, MaxTV кинотеката ќе се одржува истовремено на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк, позади споменикот на Гоце Делчев. Присутните ги очекуваат и вредни подароци.
Покрај уживањето во добрите филмови, заинтересираните ќе можат да се информираат за дигиталната телевизија на T-Home - МахTV, која освен одличниот квалитет на сликата и звукот, содржи голем број ексклузивни услуги, карактеристични само за MaxTV. Меѓу нив се истовременото следење на повеќе програми, снимање, паузирање и вртење напред и назад на програмата, а родителите имаат можност да контролираат кои програми се соодветни за нивните деца. MaxTV содржи и сопствена видеотека, од која можат да се изнајмуваат најголемите филмски хитови.
( Кајгана )