Двегодишно девојче е пронајдено задавено во својот кревет во семејниот дом на Флорида од питон кој бил чуван како домашно милениче во истата куќа.
Двометарскиот жолт питон побегнал од терариумот и се вовлекол во спалната соба на девојчето Шиуна Хер и ја давел до смрт.
Сопственикот на змијата Чарл Џејсон Дарнел кој бил момче на мајката на девојчето влегол во нејзината соба кога забележал дека го нема питонот.
Го пронашол девојчето во смртоносната прегратка на питонот со белези од каснување на главата.
Сопственикот ја бодел змијата се додека не го пуштила девојчето кое било веќе мртво.
Пристигнала и итната помош но немало спас за двегодишното дете.
Змијата потоа е фатена жива од страна на специјалните служби, а против нејзиниот сопственик ќе биде поднесена кривична пријава меѓу другото и поради тоа што поседувал рептил без дозвола.
Во САД од 1980 година се убиени најмалку 12 лица од страна на питони - љубимци, меѓу кои се и малечката Шаина и четири други деца.
Жолтите бурмезиски питони може да достигнат должина од 8 метри и тежина над 90 килограми.
Покрај тоа што во Америка питоните и други видови змии се чуваат како миленичиња, се случува често сопствениците да ги пуштат змиите во дивината каде тие се множат и напаѓаат се и сешто кога ќе почувствуваат дека се загрозени.
Ветеринарите стравуваат дека од налетот на Ураганот Ендру во 1992 многу жолти питони кои биле чувани во продавници за домашни миленици сега се на слобода и напаѓаат и луѓе.
Извор: Сител