Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Македонија > Англиско издание на книгата “Спорот со името“
Англиско издание на книгата “Спорот со името“
2 јули (Нетпрес) - Деновиве излезе од печат англиското издание на книгата "Спорот со името-Грција и Македонија“ (“The name issue-Greece and Macedonia“) во редакција на проф. д-р Светомир Шкариќ, Димитар Апасиев и Владимир Патчев.Книгата е всушност ново, изменето, дополнето, проширено и ревидирано издание на македонската верзија, која, како студентски проект на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“, излезе во 2008 година.
Англиско издание на книгата “Спорот со името“
Целта, ако што велат од редакцијата, е научната дебата за спорот за името на нашата држава да се пренесе на универзитетите во Грција, Европа и САД.

Во англиското издание има значително богати автентичнни документи и материјали (околу 40), изворно земени од архивите на ООН и МНР. Редакторите имаат подготвено и Еепилог во кој на луциден начин го изложуваат својот т.н. Трансценд метод за надминување на овој мачен спор.

Научната вредност на книгата (која има 782 страници текст и 816 фусноти, а структуролошки гледано содржи:предговор, листа на кратенки, вовед, три главни дела со неколку оддели, анекс, епилог, листа на учесници, е потврдена и со Одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ - Скопје.

Објавена: 02.07.2009 | 13:28
Прочитана: 291 пати
Тагови: Англиско, издание, Спорот, името, книгата,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio