Американската пејачка Дајана Рос, Мајкл Џексон ја одредил за старателка на неговите деца во случај неговата мајка да не биде во состојба да се грижи за нив.
Како што јавува “Телеграф“, според тестаментот напишан на 7 јули 2002 година, регистриран во суд во Лос Анџелес, Мајкл го оставил имотот на своите деца. Вредноста на имотот во 2002 година била проценета на 500 милиони долари. Својата мајка Кетрин (79) ја одредил за старател на Принс Мајкл (11), Парис (11) и Принс Мајкл (7). Во случај мајка му да не може да ја исполни неговата последна желба, грижата за децата ќе и биде дадена на 65 – годишната Дајана Рос.
“Доколку едно или повеќе мои деца во моментот на мојата смрт се малолетни, старател ќе биде мојата мајка Кетрин Џексон, на која воедно ќе и биде доделен имотот на тоа дете“, навел кралот на поп музиката во тестаментот.
Како извршители на тестаментот се наведени соработниците на пејачот Џон Бранк, Џон Мекејн и Бари Сиегл.
Од документот биле изоставени таткото на Џексон и неговата втора сопруга и мајка на две од децата Деби Роу.
Имот што им го оставил на децата се однесува на сите недвижности, вклучувајќи ги и авторските права на музичките дела на групата “Битлс“, со кои моментално раководи “Сони“.
Извор: Точка