Потврдени два случаи на свински грип, пациентите излекувани
Скопје, 5 јули (Нетпрес) - Во Македонија од референтната лабораторија во Лондон беа потврдени два случаи на свинскиот грип А (Х1Н1), кај пациенти кои веќе се излекувани, информира вчера министерот за здравство Бујар Османи. Еднто заболенон лице е на Инфективната клиника во Скопје и е во стабилна состојба, а другото лице е пуштено на домашно лекување.
“На некој начин се конфирмира тоа што Светската здравствена организација вели дека пандемијата е од умерен интензитет и лекувањето со тамифлу е успешно, но во полесните форми, можат да бидат излекувани и без терапија“, изјави Османи.
Од лабораторијате во Лондон се уште нема потврда за еден сомнителен случај, а до во текот на вчерашниот ден не е регистриран нов сомнителен случај. Во држвава до сега имаше 16 сомнителни случаи на новиот грип А (Х1Н1), вклучително и двата позитивни случаи на вирусот.