Сабота, 13.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Балкан > Во авионска несреќа во Србија загинаа пилот и војник
Во авионска несреќа во Србија загинаа пилот и војник
Еден пилот и еден војник загинаа при уривањето на авионот МИГ-29, кое се случи рано изутрината во околината на аеродромот Батајница, соопшти српското Министерство за одбрана.
Во авионска несреќа во Србија загинаа пилот и војник
Во несреќата еден војник е полесно повреден.

Падот на авионот на Воено-воздухопловната и Против-воздушната одбрана на Војската на Србија се случи околу девет часот при извршување на редовна задача, се наведува во соопштението.

Пилотот на авионот се катапултирал, но починал од здобиените повреди.

Во тек е истрага за откривање на причините поради кои се случила несреќата.

Денешниот пад на авионот е трета несреќа на летало на Војската на Србија во изминатите две години.

Автор: МИА

Објавена: 07.07.2009 | 14:29
Прочитана: 507 пати
Тагови: авионска, несреќа, Србија, загинаа, пилот, војник,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio