Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Вип > Исчезна ковчегот во кој и не беше телото на Мајкл
Исчезна ковчегот во кој и не беше телото на Мајкл
Златниот ковчег последен пат бил виден кога по комеморацијата од бината бил пренесен во бекстејџот. Се уште не се знае каде ќе биде пограбан кралот на попот
Исчезна ковчегот во кој и не беше телото на Мајкл
Ковчегот во кој требаше да биде телото на Мајкл беше изложен на комеморацијата. Беше токму онаков како што беше опишан, со златна боја. Прекриен со црвени ружи, вреден 20.000 долари. По комеморацијата одржана во домот на ЛА Лејкерс, браќата на Џексон, со темни наочари на лицата и по една бела ракавица на рацете, го испратија ковчегот во бекстејџот. Тоа е всушност последниот пат како ковчегот беше виден. Во некрологот на Мајкл Џексон гробиштата Форест Лаун беа наведени како негово вечно почивалиште. Но само привремено.

Не се знае каде конечно ќе биде пограбан Мајкл Џексон. Се зборуваше за тоа дека наговото семејство сака гробот да му биде зацементиран, за да не дојде до тоа некои обожаватели да се обидат да го украдат неговото тело како што беше случај со Елвис. Потоа се зборуваше дека ќе биде закопан на неговиот ранч Neverland каде го мина поголемиот дел од животот. Се нагаѓаше дека ќе биде пограбан крај лунапаркот каде се возел секој ден, а кој го носи името на мајка му Катерина. Но, такво нешто е забрането според законот на Калифорнија. Луѓето се погребуваат единствено на гробиштата. Вон нив погработ е можен само со посебно одобрание.

Ковчегот не бил виден ниту на Форест Лон. Неговото семејство по погработ се упатило на ручек во Беверли Хилс. Но никој не го видел ни ковчегот ни пограбалното возило со кое било пренесувано телото на 50-годишниот крал на попот. Ниту еден медиум не успеа да го сними ковчегот по комеморацијата. Се нагаѓа дека телото на Џексон воопшто и не било во ковчегот. Се зборува дека семејството го пограбало пред комеморацијата и дека ковчегот бил празен.

Некои сметаат дека Џексон не е мртов, туку дека поради големите долгови, неговата смрт наводно била лажирана. Инаку, на гробиштата Форест Лон е закопана и неговата баба Марта Бриџис, мајка на неговата мајка. На тие гробишта лежи и бившата жена на неговиот брат Тито, Долорес Мартис, која беше убиена пред 15 години.

Објавена: 09.07.2009 | 12:29
Прочитана: 202 пати
Тагови: Исчезна, ковчегот, телото, Мајкл,
  

Radio Republic
Неделен хороскоп

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio