Петок, 12.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Наука и технологија > Сперматозоиди од матични клетки
Сперматозоиди од матични клетки
Научниците тврдат дека за десет години оваа технологија би требало да им овозможи на неплодните парови да добијат генетски целосно свои деца, а на жените да зачнат без маж.
Сперматозоиди од матични клетки
Научниците од Институтот North-East England Stem Cel со истражувањето на ембрионалните матични клетки успеале да создадат здрави сперматозоиди кои ќе можат да оплодат женска јајце клетка.

Дури, постои можност сперматозоид да се направи од женски матични клетки, што значи дека жените ќе можат да забременат без маж.

За прв пат во историјата, во лабараторија е создаден човечки сперматозоид, но резултатите од ова истражување веќе предизвикаа расправи за етичноста на ембрионалните истражувања.

Истражувањето е објавено во ценетиот медицински магазин Stem Cells and Development, а тимот го предводел професорот Карим Наерни, кој веќе имал успех во сличните обиди на глувци кои успеале да добијат потомци.

Професорот Наерни инсистира за ова прашање да се започне јавна дебата бидејќи истражувањето е во почетна фаза. Тој сеуште не е дозволен од квалитетот на сперматозоидите, но има потенцијал за создавање живот.

За да се изолираат матичните клетки користен е ласер. Клетките започнале да се делат за по некое време да се појави главата и опашот, а сперматозоидот полека започнал да се движи.

Во Институтот велат дека во наредната деценија ќе биде можно да се изолираат матични клетки од кожата. Но, додека не се променат законите, кои во повеќето земји забрануваат оплодување со вештачки сперматозоиди, оваа пракса ќе се задржи само во лабараториите.
Кликни За Виедо



Извор: Кајгана

Објавена: 09.07.2009 | 12:40
Прочитана: 423 пати
Тагови: Сперматозоиди, матични, клетки,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio