Петок, 12.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Забава > (Без) врска во врска
(Без) врска во врска
Компатибилноста во врската не ја прават ситниците, ни тоа што сакате исти филмови или музика, таквите работи се само шлаг на тортата. Ако сакате сериозна врска не губете време со личност која се задоволува само со површни средби.
(Без) врска во врска
Пред да се впуштите во сериозна врска би било добро да ги знаете оние работи кои се важни за врските на долги стази.

Интереси

Важно е партнерите да имаат одредени заеднички интереси во кои заедно би можеле да уживаат.Но, исто така, важно е да имаат и различни интереси за да можат да учат нови работи и поединечно и одвоено да уживаат во нив. Ако со партнерот или партнерката можете да седите извесно време и само да слушате музика а притоа да не ви биде непријатно, тоа е добар знак.

Паровите не мора да имаат заедничко хоби за да бидат компатибилни. Исто така, не би требало да се препираат за работи во кои ужива само едниот партнер и не треба да го убиете со поглед секој пат кога оди да гледа фудбал со другарите или кога таа ќе се зачлени во драмската работилница. Бидете отворени, па повикајте го партнерот да ви се придружи во она во кое уживате и покажете интерес за она што другиот го прави среќен.

Вредности

Паровите би требало да ги делат ставовите за некои основни вредности, треба да им се поклопуваат животните стилови и цели.

Ако не можете заедно да одгледате дневник, а притоа меѓусебно да не се нарекувате идиоти и да се расправате околу различните ставови па дури и се заканувате со прекин на врската, тогаш можеби и не сте создадени еден за друг.

Животниот стил, исто така, е важен фактор. Вистина е дека спротивностите се привлекуваат, но многу веројатно е дека таков пар нема долго да опстои. Ако за неа совршена саботна вечер е ноќ помината со романтична комедија и пуканки а за него журкање до зори, некој секогаш ќе се чувствува фрустрирано и незадоволно.

Планови за иднина

Подобро би било да знаете што сакате од врската затоа што така ќе знаете и што можете да очекувате.

Не треба уште од првото излегување да знаете во која насока ќе оди вашата врска, но важно е да знаете дали тој/таа планира да има деца, да се пресели во друга земја или често да патува.

Не морате тие теми да ѓи почнувате на првиот состанок, за време на вечерата после десертот, но имајте ја на ум вашата иднина.

Разговорите за деца, кариера, место за одмор и останатите важни работи би требало да ѓи направите пред да влезете во брачните води или пред да почнете да живеете заедно. Ако сте на почеток на врската, бидете свесни за тоа што можете да очекувате и запрашајте се дали вашата врска има потенцијал.

Ако барате и сакате сериозна врска, тогаш не треба да губите време со личност која ја задоволуваат површни дружења и е во состојба така да помине многу години.

Симона М.

Објавена: 10.07.2009 | 12:30
Прочитана: 557 пати
Тагови: Без, врска,
  

Radio Republic
Неделен хороскоп

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio