Сантана со концерт на Градскиот стадион во Скопје
Вечерва во 21 часот на Градскиот стадион во Скопје концерт ќе одржи светската гитарска легенда Карлос Сантана, во организација на "Авалон". Настапува со уште 14 музичари на сцена, а концертот се очекува да трае околу 2,5 часа.
Сантана на концертот ќе пристигне со приватен авион и со тројца готвачи. Тој доаѓа денес од Атина, каде два дена претходно ќе одржи концерт и веднаш по настапот заминува за Белград каде во утре пак ќе настапи.
За концертот ќе има посебен режим за возење и кон Градскиот стадион ќе влегуваат само службените возила. Вратата за влез ќе бидат отворени уште во 19 часот. Поголемиот дел од јужна трибина е покриен, а покриена е и бината. Доколку се случи невреме ќе има само одложување на концертот за неколку часа не и откажување, бидејки ова е единствениот термин. (В.М.)
Сантана е еден од 100-те најдобри гитаристи на сите времиња и има добиено десет Греми награди.
Извор: Вест