Сабота, 13.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Спорт > Трева пуши и рекорди руши
Трева пуши и рекорди руши
Американецот Мајкл Фелпс постави нов светски рекорд од 50.22 секунди на 100 метри делфин во финалето од американското првенство кое се одржува во Индијанаполис.
Трева пуши и рекорди руши
По аферата ’марихуана’ во која малку си го наруши добриот имиџ, Мајкл Фелпс повторно се врати на победничките навики.

Ѕвездата на ОИ во Пекинг, каде освои осум златни медали, го поправи поранешниот рекорд 50.40 од неговиот сонародник Јан Крокер во Монтреал 2005.

„Многу ми значи овој рекорд“, рече Фелпс по трката.

„Крокер на првите 50 метри кога го собори рекордот беше побрз отколку јас. Тоа е сегмент на кој потрошив многу време работа, но се уште морам да го подобрам првиот дел од трката, бидеќи во завршницата отсекогаш сум бил добар.“

Извор: Таратур

Објавена: 10.07.2009 | 13:59
Прочитана: 459 пати
Тагови: Трева, руши, пуши, рекорди,
  

Radio Republic
Анкета

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio