Петок, 12.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Балкан > Снег во Словенија и во Tурција
Снег во Словенија и во Tурција
Снег падна ноќеска на Крањска Гора, во Словенија, јавуваат словенечките медиуми.
Снег во Словенија и во Tурција
Земјата е зафатена од нестабилно време, кое ноќеска на повеќе места предизвика поплави и одрони, поради што се затворени повеќе сообраќајници.

Во местото Локвица жителите морале да ги напуштат своите домови бидејќи одрон загрозил десетина куќи, а поради поројниот дожд неколку улици во Љубљана се нашле под вода.

Снег и во источна Турција

Додека поголемиот дел од Турција е зафатен од горештини, во повисоките предели на округот Ерзурум во источниот дел на земјата паѓа снег.

Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, низинските делови на Ерзурум се зафатени со обилни врнежи од дожд, кои предизвикуваат проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Невремето во соседниот регион на Ерзурум, Ѓумишхане однесе и една човечка жртва, наведува телевизијата.

Извор: А1

Објавена: 10.07.2009 | 14:21
Прочитана: 613 пати
Тагови: Снег, Словенија, Tурција,
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio