Работниците на банкротираната француска компанија за производство на авто делови „Њу фабрис“ се заканија дека ќе ја кренат во воздух својата фабрика доколку до 31 јули не ги добијат парите од „Рено“ и „Пежо“ како компензација поради губењето на работните места.
Незадоволните 336 работници бараат компаниите „Рено“ и „Пежо“ да им исплатат на секој од нив по 30.000 евра.
„Плинските боци се веќе поставени на различни места во фабриката и сите се поврзани. Ако одбијат да ни ги дадат парите, се би можело да експлодира пред крајот на месецов“, изјави официјалниот претставник на синдикатот Ги Ејерман.
Делегација на работниците во четврток ќе се сретне со претставници на „Рено“, кои засега како и полицијата, не ги коментираат овие закани.
Компанијата „Њу фабрис“, која банкротираше во април, се наоѓа во Шатерлоу