12 јули (Нетпрес) - Постарата сестра на Мајкл Џексон, Ла Тоја излегла со тврдење дека нејзиниот брат бил убиен и знае кој го направил тоа. Таа е единствената од Џексонови, која имала добри односи со својот покоен брат.
Во шокантното интервју дадено за “ Светски вести“, 53 – годишната Ла Тоја рекла дека од неговата куќа го снемало целиот накит и готовина во вредност од два милиони долари. Парите биле причината поради која Џексон бил убиен.
“Мислиме дека повеќе од една личност се вмешани во убиството на Мајкл. Тоа е заговор за да се докопаат до неговите пари, а јас знам кој го сторил тоа и нема да се смирам додека тие луѓе не платат“, изјавила Џексон.
Подолу во интервјуто таа тврди дека тие засега неименувани луѓе го навлекле нејзиниот брат на дрога и ја искористиле неговата слабост и долговите за да го вратат на сцена. На крајот го убиле бидејќи им бил повеќе вреден мртов отколку жив.
Нејзината изјава следи неколку денови откако полицијата на Лос Анџелес во зависност од токсиколошките наоди, смртта на кралот на поп музиката може да ја прогласи како убиство.