Иако е социјално неприфатено, пцуењето има и позитивна страна бидејќи може да ја намали физичката болка, покажа истражувањето на група британски научници. Добро истражување, да му се пл**нам.
Научниците открија дека извикувањето на пцовки помага во ублажувањето на физичката болка кај луѓето. Истражувањето кое го спроведе група на стручњаци од универзитетот во Кил, покажа дека луѓето се во состојба подолго да истрпат болка доколку притоа изговараат непристојни зборови.
Др. Ричард Стивенс, психолог и шеф на истражувачкиот тим, вели дека пцуењето како вообичаена појава кај сите народи во светот, го подига нивото на агресија и со тоа го намалува нивото на болката.
Ова се неочекувани резултати, барем за психолозите кои пцуењето го сметаат за „катастрофизам“.
„Пцуењето е прилично емотивна јазична форма и речиси универзален човечки лингвистички феномен“, истакна докторот Стивенс додавајќи дека истражувањето покажа зошто пцуењето опстојува и добива нови облици и покрај сите обиди за негово „делегитимизрање“ како човечка навика.
Извор: Kajgana