Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Спорт > Мино Раиола: Златан не размислува за заминување од Интер
Мино Раиола: Златан не размислува за заминување од Интер
Агентот на Златан Ибрахимович, Мино Раиола вели дека Манчестер Јунајтед никогаш не доставил понуда за услугите на неговиот клиент и додава дека напаѓачот не размислува за заминување од Интер
Мино Раиола: Златан не размислува за заминување од Интер
Минатата недела медиумите од Англија објавија дека Јунајтед е во обид да го ангажира Златан Ибрахимович со цел да се засили навалната линија по заминувањата на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.

Иднината на Ибта во Интер е тема на дискусија подолго време откако играчот навести дека е подготвен за нов предизвик.

Вчера и екипата на Челзи беше поврзувана со услугите на Швеѓанецот и беше најавувана мега понуда од Абрамович но агентот на напаѓачот, Мино Раиола вели дека Златан не размислува за заминување од Интер.

“Нема никаква вистина во натписите дека Манчестер Јунајтед доставил понуда за Златан.” – рече Мино Раиола за skysports.com.

“Доколку тие доставиле понуда тоа го сториле без мое знаење и без знаење на Интер.”

“Златан е смирен, има уште четири години од договорот со Интер.”

“Тој е среќен на Џузепе Меаца и не размислува за преселба.”

Објавена: 13.07.2009 | 11:29
Прочитана: 387 пати
Тагови: Мино, Раиола, Златан, размислува, Интер,
  

Radio Republic
Анкета

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio