Неколку европски земји денеска ќе потпишат договор за долго планираниот гасовод наречен „Набуко".
Кога ќе биде завршен, три илјади километри долгиот гасовод ќе носи преку 30 милијарди кубни метри гас од Каспиското море и Блискиот исток до европските потрошувачи.
Намерата на гасоводот е да обезбеди важна алтернатива за енергетските испораки од Русија, која во моментов обезбедува 35% од европските потреби.
Церемонијата ќе се одржи во Анкара, главниот град на Турција а гасоводот ќе поминува преку Турција, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија
Извор: BBC-Macedonian