Четврток, 11.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Вип > Ѓубре пиратско
Ѓубре пиратско
Стивен Фрај бескрупулозно краде од чесната заработувачка на своите колеги, заради што голем дел од нив се на добар пат да останат на улица, ќе гласеше воведот на веста доколку некој од претставниците на ентертејмент индустријата пишуваше за тоа што Фрај од бит торент ја симнал последната епизода од Хаус.
Ѓубре пиратско
Британскиот актер признал дека последната епизода од Хаус ја симнал на бит торент, бидејќи не можел да најде нејзина легална верзија.

"Последно нешто што нелегално симнав... Да не беше геј порно филм? ... Не, тоа беше последната епизода од најновата сезона на Хаус," изјавил Фрај за време на говорот на АјТјунс фестивалот во Лондон.

Фрај објаснил дека легално ја симнувал целата сезона, но во тоа време се наоѓал во Индонезија и не можел легално да симне копија од последната епизода.

Запрашан за тоа како се чувствува кога неговите дела се пиратираат, Фрај одговорил: "Јас сум против циничното шверцување и копирање, но јас работам во доста размазен и премногу платен бизнис."

Извор: Он-Нет

Објавена: 14.07.2009 | 11:01
Прочитана: 480 пати
Тагови: Ѓубре, пиратско,
  

Radio Republic
Неделен хороскоп

Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio