Петок, 12.03.2010
РСС / Маркетинг / Контакт
Секој Ден
      
Насловна > Актуелно > Македонија > Два нови случаи со симптоми на заразеност со вирусот А(Х1Н1)
Два нови случаи со симптоми на заразеност со вирусот А(Х1Н1)
Скопје, 13 јули (Нетпрес) - Во текот на последните 24 часа, на Клиниката за инфективни болести во Скопје се регистрирани два нови случаја, со симптоми сомнителни за инфлуенца А(Х1Н1), говорат информациите од клиниката.
Два нови случаи со симптоми на заразеност со вирусот А(Х1Н1)
Првиот пациент на денот на хоспитализацијата бил на патување во Лондон, каде ги добива и првите симптоми на грип. По прегледот извршен од лекарската екипа на скопскиот аеродром, пациентот е донесен на Клиниката за инфективни болести со покачена температура, кашлање, треска и општа изнемоштеност.

Вториот пациент е по потекло и живее во САД. Тој неколку дена по пристигнување во Македонија е примен на Клиниката за инфективни болести со болка во грлото, главоболка, изнемоштеност.

Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно седум пациенти. За двајца од нив се добиени негативни лабораториски резултати, а за двајца се уште се во тек лабораториските анализи.

Здравствената состојба на сите хоспитализирани лица е стабилна и покажува прогресивно подобрување.

Објавена: 14.07.2009 | 11:14
Прочитана: 455 пати
Тагови: случаи со на со, симптоми, заразеност, вирусот, А(Х1Н1),
  


Услови за користење / Изјава за приватност

Copyright © 2004-2008 All-Production. Сите права задржани
Developed by: Just5 Studio