Песните на Мајкл Џексон доминираат на светската топ листа трета седмица по ред, а повеќе од 9 милиони албуми на “кралот на попот“ се продадени од неговата смрт ширум светот.
Компанијата “Нилсен“ соопштила дека последната недела во САД продадени биле 1,1 милион примероци од албумот на Џексон, а за претходните 2 седмици 2,3 милиони примероци.
Во “Сони мјузик“, кој го контролира Џексоновиот музички каталог, одбиле да го коментираат продавањето на албумот, но претставникот за пешатените медиуми на истата компанија не го демантираше податокот за 9 милиони продадени албуми.
Џексоновите песни го достигнаа врвот на музичките листи во многу земји, вклучувајќи ги Австрија, Германија, Франција и Велика Британија, пренесува “Лос Анџелес Тајмс”.
Автор на веста: Нетпрес